Џон Дренан и Даниела Антони од Велика Британија, биле на патување во Њујорк, САД, каде што Џон ја запросил Даниела во Централ Парк.

Пресреќни што конечно нивната љубов ќе ја крунисаат со брак ти продолжиле да шетаат и да уживаат во убавините на Њујорк. Но, додека биле во посета на Тајмс Сквер се случила неочекувана несреќа.

Вереничкиот прстен на Даниела ѝ паднал во решетка на Тајмс Сквер. Тие веднаш почнале да го бараат и нивната „очајна“ потрага била фатена на безбедносните камери. Парот побарал помош од полицаец, но во тој момент и тој не бил во можност да го лоцира нивниот прстен.

Разочарани Даниела и Џон се вратиле во Велика Британија. Но, сепак не било сѐ така црно. Откако полицијата успеала да го најде дијамантскиот прстен, одлучиле да го пронајдат парот преку социјалните мрежи. Тие ја објавиле приказната за Даниела и Џон на Твитер и за брзо време добиле повратен одговор.

Иако Даниела и Џон не користеле често Твитер нивните пријатели ја забележале објавата и ги известиле. Џон објаснува дека тој за запросил неговата сакана на 10-годишнината од нивната врска и дека за жал купил преголем прстен. Тој објаснил дека Даниела не сакала да го носи за да не ѝ падне, но тој инсистирал затоа што бил премногу возбуден.

Сега полицијата на Њујорк организира начин да го прати прстенот од САД до Велика Британија и да ги усреќи идните младенци.

Сподели на Facebook
пати видено