Еден татко откри дека стапува во врска само со бисексуалки, како неговата девојка, за да може да спие со други жени, додека тие се заедно.
И тој има порака до критичарите кои не се согласуваат со неговиот животен стил: „Доколку има некои девојки кои сакаат тројка, зошто треба јас да бидам оној кој не сака?“
Глобалниот авто извозник, 36-годишниот Елан Рам од Њујорк, САД, се запознал со својата 26-годишна девојка, Кет Хортон од Алабама, преку апликацијата ОК Купид во 2017 година. Тие се запознале откако тој на својот профил потенцирал дека бара девојка која е бисексуалка.
Елан со години го следи оваа правило да биде во врска само со бисексуалки, за и двајцата да бидат во отворена врска, заедно, без ризик за иневерување. И двајцата инсистираат на тоа дека нема љубомора меѓу нив и дека сѐ е е во ред доколку е строго само сексуална средба и дека спијат со други девојки само заедно како двојка.
Елан кој има 10-годишен син, по име Пирс, ги советува и другите парови да функционираат на овој начин. „Секогаш прашувам дали девојката сака други девојки, затоа што не сакам да трошам пари и време, ако девојката не сака девојки. Мојот син го има прифатено овој наш начин на живот и прашува дали ќе ни доаѓа девојка на гости и доколку доаѓа многу е среќен.“, вели Елан.
Неговата „постојана“ девојка Кет вели дека отсекогаш посакувала ваква врска и дека оваа врска ја исполнува најмногу во животот. Елан вели дека најголемиот број од нивните пријатели ги поддржуваат, со исто така голем број на девојки и сопруги на нивните пријатели се против ваков начин на живот.