Моментот кога младоженецот за прв пат ќе ја види својата сакана во бело може да доведе некои луѓе до солзи.
Тоа му се случило и на Џејк Ван Сикл. Но, неговите солзи не биле солзи радосници, туку солзи од смеа.
На денот на венчавката фотографот требал да го опфати емотивниот момент во кој Џејк за прв пат ќе ја види Феј во венчаница. Очигледно идната сопруга на Џејк има добра смисла за хумор па решила на овој ден да ја разбие тремата и да се пошегува со него.
Кога Џејк се свртел да ја види Феј пред него стоел неговиот најдобар пријател Тајлер Којл … во венчаница. Којл вели дека забележал како Џејк зема здив пред да се сврти и дека никогаш нема да ја заборави неговиот збунет и шокиран израз на лицето.
За среќа Џејк ја прифатил шегата на негова сметка, па дури и направил „романтични“ фотографии со неговата „невеста“. Феј која заедно со нејзините деверуши го гледале „изненадувањето“ вели дека тие не можеле да престанат да се смејат.