Ова е шокантен момент во кој жена е насилно ограбена од женски напаѓач додека минувачите се оддалечуваат и не прават ништо.
Жената која има над 40 години, но нејзиниот идентитет не се открива повлекува пари од банкомат во Лејтонстоун, источен Лондон и не се надевала дека вакво нешто ќе ѝ се случи.
Инцидентот бил снимен од безбедносните камери и полицијата е во потрага по девојката за која се претпоставува дека е во доцните тинејџерски години. Иако жената одреден период се бори со девојката за да не ѝ ја земе чантата, она што најмногу шокира е што случајните минувачи или пак луѓето во автомобилите не преземале ништо во врска со тоа.
Доколку сакате добра акција или пак забегани и жестоки случки само за најхрабрите читатели, тогаш посетете го каналот Жестоко. Предупредување: Содржините може да ве вознемират!