Македонец бил на крстарење, но се случил бродолом. Бродот потонал, а Македонецот чудесно се спасил и завршил сам на еден пуст остров. За среќа на островот имало малку храна и вода, па Македонецот живеел и чекал некој брод да го спаси. После 5 години конечно до островот дошол еден брод. Капетанот кога го видел нашиот го прашал:
– Од каде си ти човеку?
– Од Македонија! Ве молам спасете ме, многу сакам да си ја видам родната земја.
– Штом си од Македонија, почекај малку, имам јас еден Македонец што ми работи на бродот, па тој ако реши да те спасиме, ќе те спасиме.
Излегува Македонецот на палубата и го прашува земјакот:
– Другар, колку време живееш овде на пустиот остров?
– 5 години.
Тогаш овој од бродот му фрла на земјакот еден куп весници и му вели:
– Прочитај ги сите овие весници и потоа реши дали сакаш да те спасиме или не!