Доколку ја проучите историјата на развојот на многу добро познати компании, можете да пронајдете факти за кои малкумина слушнале или прочитале.
На пример ние се изненадивме кога дознавме дека германскиот производител на автомобили Volkswagen не произведува смао автомобили, туку и колбаси и тоа го прави веќе 45 години.
Кафе Jack Daniel’s
Американскиот бренд Jack Daniel’s, во соработка со World of Coffee, произведува кафе со вкус на виски. Се разбира, нема алкохол во топлиот пијалок, туку само вкус и арома, наликува на Тенси Виски. Овој ефект се постигнува со додавање на ванила и карамела.
Војна за www.nissan.com
Во 1991 година, Узи Нисан во САД ја основал компанијата Nissan Computer Corp и продавал компјутерска опрема, компјутерски услуги, мрежно поврзување итн. Во 1994 година човекот го купил доменот nissan.com и создал веб-страница за промовирање на својот бизнис на интернет. 5 години подоцна производителот на автомобили Нисан решил да направи веб страна со истиот домен. Кога сфатиле дека тоа не е можно го тужеле Узи да им исплати оштета од 10 милиони долари. Спорот траел 10 години и го чинел Узи 3 милиони долари, а бизнисот му пропаднал. Дури во 2008 година Нисан му исплатил на Узи само 58.000 долари.
SONY ги продавале своите MP3 плеери во шишиња со вода
Во 2014 година, јапонскиот технолошки гигант SONY започна со продажба на водоотпорни MP3 плеери од SONY W Series Walkman во Нов Зеланд и тие биле спакувани во транспарентни шишиња за вода.
Логото на Michelin се вика Бибендум
Бибендум бил претставен на изложба во Лион во 1894 година, каде што браќата Мишелин имале штанд. Тој бил направен од бели гуми за велосипеди наредени едни врз други. Бели бидејќи до 1912 гумите биле светли.
Volkswagen колбаси
Volkswage почнал да произведува колбаси уште во 1973 година за потребите на фабриките за автомобили. Тие биле толку вкусни што по неколку години компанијата одлучила да го зголеми своето производство. Смешно е што во 2015 година овие месни производи биле продавани повеќе од автомобили. Сега брендираните колбаси на Фолксваген можат да се купат во германските супермаркети, како и во хотелите и рестораните.
Victoria’s Secret против комарци
Истражувачите на Државниот универзитет во Ново Мексико спроведоа тестови на популарни средства против комарци во САД. Од претходните експерименти, авторите знаеле дека аромите од цвет и овошје се атрактивни за комарците, па затоа го користеле мирисот на Victoria’s Secret Bombshell во експериментите. Тие се изненадиле кога откриле дека мирисот на Викторија Сикрет е поефективен од средствата против комарци. Овој цветен мирис ги бркал комарците.
Расистички фотоапарат Nikon
Nikon, јапонска компанија, беше обвинета за креирање на расистички софтвер за откривање на лицата во своите Coolpix S630 фотоапарати. Работата била во тоа кога Азијците го користеле фотоапаратот, на екранот понекогаш се појавувала порака: „Дали некој трепка?“
Oreo и Hydrox
Во 1912 година, американската Национална компанија за бисквити го лансирала брендот Орео. Оттогаш овие колачиња станаа најпопуларни во САД и покрај фактот дека во 1908 година, брендот Hydrox, направил слични колачиња. Најголема иронија е што луѓето сѐ уште мислат дека Hydrox се копија на Oreo.
Shell започнале со продажба на школки
Името на компанијата за нафта и гас Shell (школка) како и нивното лого (црвено-жолта школка) биле измислени во 1833 година, кога англискиот трговец Маркус Самуел отворил мала продавница за продажба на егзотични работи во Лондон, меѓу кои биле и кутии за накит украсени со морски школки. Подоцна, синот на Маркус почнал да пренесува керозин од Каспиското Море преку Суецкиот Канал до Средниот Исток и почнал да го развива овој бизнис.
Heineken произведувал шишиња во форма на тули
Во 1960 година, внукот на основачот на компанијата Heineken, Алфред Хајнекен, го посетил карипскиот остров Курасао и видел илјадници шишиња Хајнекен кои лежеле насекаде. Оваа непријатна слика толку многу го вознемирила Алфред што ја создал идејата за производство на шишиња во облик на тули и на тој начин решавал 2 проблеми: сиромашните жители би можеле да изградат куќи од празните квадратни шишиња а планетата ќе стане помалку загадена.