Кога 130 патници влегле во авионот кој патувал на релација Амстердам-Истамбул не ни помислиле дека ова навидум обично патување ќе им остане како интересен спомен.

Сите патници пријатно се изненадиле благодарение на холандскиот крал.

Кралот Вилем-Александер ги изненадил патниците на закажаниот лет до Турција, во улога на ко-пилот на авионот. Холандскиот монарх бил ко-пилот на лет на KLM 1613 од Амстердамскиот аеродром Шипхол до аеродромот Ататурк во Истанбул.

Само екипажот на КЛМ бил известен однапред за доаѓањето на кралот на летот Боинг 737-800, кој траел два часа и 50 минути. Сепак, некои патници го препознале 51-годишниот холандски крал кога влегувале во авионот.

Патникот Кен Унсалан изјавил: „Не се случува секој ден кралот да ви е пилот. Ова ќе остане незаборавен спомен за мене.“ Сите 130 патници на крајот на летот биле известени дека пилот на летот бил холандскиот крал.

Кралот исто така бил ко-пилот и на повратниот лет од Истамбул до Амстердам. Минатата година се откри дека Вилем-Александер „тивко“ летал за КЛМ повеќе од 20 години.

Монархот, кој ја наследил својата мајка Беатрикс на холандскиот престол во 2013 година, честопати бил капетан на својот кралски авион, Фокер 70, кога одел на државни посети во странство.

Бидејќи сите тие часови на небото не биле доволни за кралот да ја добие својата дозвола, тој се согласил со националната авиокомпанија КЛМ да лета до европските дестинации со авионите Фокер 70 на авиокомпанијата. Авионите Фокер 70 подоцна биле укинати и владата купила нови Боинг 737, од кои еден ќе биде претворен и во кралски авион, а ова го принудило кралот да извади нова дозвола.

Се очекува дека холандскиот крал ќе продолжи да лета за КЛМ додека не достигне 150 летови во година.

Сподели на Facebook
пати видено