Холандскиот столар кој изгради копија на Ноевата Арка објавил дека планира да отплови со бродот од 2.500 тони до Израел.
Библискиот брод на Јохан Хујберс, кој е составен од дрвени животни, е изграден пред шест години, чија цена е скоро 1,6 милиони долари и е популарна атракција во Дордрехт, јужно од Амстердам.
Но, Јохан сака да го однесе бродот во „Божјата земја“ и за да го направи тоа побарал донации од верниците. „Мојата најпосакувана дестинација за арката е Израел. Можеби звучи страшно, но верувам дека во сè што е напишано во оваа книга.“, изјавил Јохан, посочувајќи кон примерок од Библијата.
„Ова е копија на Божјиот брод. Има смисла да го однесеме на Божја земја.“, додава тој. Јохан планирал да го однесе бродот во Израел веднаш по неговото завршување, но пожарите во израел го спречиле патувањето. Сега тој повеќе ги нема 1.4 милиони долари кои му се потребни арката да стигне до таму.
Бидејчи Арката нема мотори, тој ќе треба да изнајми реморкери за да ја влечат. Поголема од фудбалски терен и со 5 спрата, арката на Јохан може да пренесува повеќе од 5.000 луѓе.