Ние не случајно се опкружуваме со посебни бои на облека, ентериер и сл. Боите кои ги одбираме директно се однесуваат на нашата состојба на умот.

Имало голем број на истражувања одржани во оваа сфера на филологијата и „Тестот за бои на Лушер“ е одличен начин да се открие расположението, намерите и состојбата на лицето.

Сѐ што треба да направите зе да го изберете копчето кое ќе го притиснете за да направите позитивен пресврт во вашиот живот. Која боја ќе ја одберете?

Црвена

Вие сте спремни да му пружите многу на овој свет. Тоа значи дека сакате да бидете слушнати, забележани и препознаени. Сакате да дадете сѐ од себе во сите аспекти во животот.

Жолта

Вашиот став кон животот е доста оптимистички, наметлив и позитивен. Преземањето ризици е нешто што не ве плаши, но во исто време успевате да останете разумни и рационални. Вие сте свесни за вашите способности и сте подготвени да ги искористите во потполност.

Портокалова

Вие сте личност која ужива и во мали успеси. Вашата најдобра мотивација е сфаќањето дека големите работи започнуваат со мали чекори. Затоа секогаш се фокусирате на деталите и не пропуштате шанса да ги подобрите.

Зелена

Изборот на зеленото копче укажува на постојана борба меѓу слободното и сигурното во исто време. Вие сте онаа личност која се обидува секогаш да биде избалансирана. Сепак, има едно нешто што треба да се има на ум: во потрага по рамнотежа, може да заборавите за работите кои навистина ви се важни.

Розова

Периодот во кој живеете во моментов е полн со добри и пријатни работи и вие сте свесни за тоа. Добрата вест е дека вие не ги земате работите што ви доаѓаат здраво за готово и уживате во секој момент, живеејќи го својот живот во потполност. Само не заборавајте да ги држите нозете на земја за да не се разочарате премногу.

Виолетова

Овој избор укажува дека сте стигнале до животот за кој сте сонувале. Сега имате доволно самодоверба, за да ги следите сите цели и желби кон кои долго време се стремите. Знаете што заслужувате и добро го користите ова.

Сина

Изборот на оваа боја претставува вистинска рамнотежа. Вие го цените концептот на живеење во рамнотежа и знаете колку е важно да ги постигнете целите. Вие сте свесни дека постигнувањето вечен биланс е невозможно, но се трудите да бидете подготвени и компонирани во вашиот живот и во животот на вашите најблиски.

Сива

Рационалноста е вашето второ име. Оваа карактеристика може да направи да изгледате студени и далечни, но оние кои навистина ве познаваат знаат колку сте чувствителни и едноставни.

Сподели на Facebook
пати видено