Девојката, која дошла во Лондон од Романија, живее во зграда која локалните жители ја нарекуваат „10 ката проститутки“.
Елана три години живее во станбена зграда во една од најбогатите населби во Лондон. Сепак, да ја плати киријата за станот, таа треба да тргува со своето тело и да спие со најмалку 30 мажи месечно. Во меѓувреме, нејзината мајка е уверена дека нејзината ќерка работи како чистачка во Лондон и дека заработува солидно.
Станот е во сопственост на тајкунот Кристофер Моран, кој, според истрагата „Сандеј Тајмс“, создал мрежа од бордели во Велика Британија. Локалните жители ги нарекуваат неговите згради „10 ката проститутки“.
Неколку веб сајтови нудат проститутки кои живеат во домовите на Моран, а една од нив е Елана, родена во Романија. Цената на нејзините услуги е 150 фунти на час. Една третина од оваа сума оди на рекламирање, а изнајмувањето на станот чини 3000 фунти месечно.
70-годишниот тајкун Моран е во добри односи со кралското семејство, а неговото богатство се проценува на околу 400 милиони фунти. Годишната заработка само од овој бизнис му е околу 8 милиони фунти.