Овие тажни фотографии ја покажуваат суровоста на природата додека мајката жирафа очајно се обидува да си го спаси своето младенче од канџите на гладната лавица.

Фотографиите биле направени од Рамашандиран Говиндарај од Индија при посетата на Националниот резерват Масаи Мара во Кенија.

На неговите фотографии можат да се видат очајните обиди на мајката да си го спаси своето бебе, но за жал на крајот суровиот закон на природата победува и лавицата си заминува со пленот, оставајќи ја мајката со скршено срце.

„Од далечина забележавме жирафа, а кога се доближивме сфативме дека хиена се обидува да го нападне нејзиното бебе. По 30 минути, хиената се откажа и мајката го однесе бебето длабоко во саваната. Но, таа не знаеше дека таму се крие лавица. Откако лавицата оствари безбедно растојание за напад, го нападна младенчето. Мајката беше беспомошна, иако тоа се случи под нејзините силни нозе.“, вели туристот.

Доколку сакате добра акција или пак забегани и жестоки случки само за најхрабрите читатели, тогаш посетете го каналот Жестоко. Предупредување: Содржините може да ве вознемират!

Сподели на Facebook
пати видено