Сите модерни луѓе потекнуваат од еден осамен пар, кој живеел пред 100.000 до 200.000 години, велат научниците.
Научниците ги испитувале генетските „бар кодови“ од пет милиони животни – вклучувајќи ги и луѓето – од 100.000 различни видови и откриле дека ние потекнуваме од еден пар на возрасни единки откако катастрофален настан речиси ја избришал човечката раса.
Овие бар-кодови или фрагменти од ДНК кои живеат надвор од јадрата на живи клетки, укажуваат на тоа дека не дошле само човечките суштества од еден пар, туку и 9 од 10 животински видови.
Штокл и Талер научниците кои ја предводеа студијата, заклучија дека деведесет проценти од сите животински видови живи денес доаѓаат од родителите кои сите почнале да раѓаат приближно во исто време, пред помалку од 250 илјади години – фрлајќи ги во сомнеж моделите на човечка еволуција.
„Овој заклучок е многу изненадувачки. Се борев против него колку што можев.“, вели Талер. Новиот извештај од експертите на Универзитетот Рокфелер заедно со Универзитетот во Базел ги објавија извонредните наоди во човечката еволуција.
Истражувањето беше предводено од Високиот истражувачки соработник Марк Штокл и истражувачкиот соработник Дејвид Талер од Универзитетот во Базел, Швајцарија.
Тие ги проучуваа „големите податоци“ од брзорастечките генетски бази на податоци во светот и разгледаа секаков вид на литература во теоријата на еволуцијата, вклучувајќи го и Дарвин.
Д-р Штокл вели: „Во време кога луѓето ставаат толку многу акцент на индивидуални и групни разлики, можеби треба да поминеме повеќе време да сфатиме колку ние си личиме еден на друг и на остатокот од животинското царство.“
Ова ја отвора можноста за вграден човечки еволутивен процес при што се распаѓаме и изумираме, оставајќи ја потребата да почнеме од нула.
Студијата била погрешно разбрана од религиозни страни кои мислеле дека тоа значи дека сите сме дошле на овој свет со некој „Биг Бенг“ настан пред 100.000 години, но истражувањето не го сугерира тоа.
Она што го укажуваат наодите на Штокл и Талер е дека човечкиот род мора да се „препороди“ мнгу почесто отколку што сме мислеле и тоа го правиме заедно со останатите животни.
Отсекогаш ве мачеле големите прашања? Верувате дека светот не е толку едноставен и дека постојат и работи кои не ги гледаме? На вистинското место сте. Посетете го каналот Мистерии и урбани легенди.