Нашата потсвест е неверојатна и може многу да ни каже за нашата личност, повеќе отколку што веројатно мислиме. Експертите велат дека нашиот потсвесен ум е како единица за складирање, која ги содржи сите работи кои ни се допаѓаат и не ни се допаѓаат, верувања и стравови, сеќавања и вештини, таа е изградена од сето она што сме го виделе и искусиле, дури и ако не се сеќаваме.
Интересно е тоа што директно се поврзува со нашето свесно однесување, и во овој случај, нашите очи ја гледаат целосната слика, но нашиот мозок го избира првин она што е поврзано со нашата личност.
Кое животно го видовте во прв план?
1. Зебра
Ако првото животно што го видовте е зебра, зборовите хумористични, влијателни и харизматични се за вас. Вие сте многу активни и спонтани, имате многу заразна личност, а луѓето секогаш ве следат. Вие сте прекрасно друштво за убав помин. Вашите комуникациски вештини се непобедливи и може да станете многу добар продавач.
2. Мачка
Ако првин ја забележавте мачката, вие сте лице кое не сака да зборува многу и некои луѓе може да мислат дека сте срамежливи. Вистинската причина е што сакате да гледате од далечина и да го анализирате она што го гледате, наместо да бидете во центарот на вниманието. Вие сте независни и самодоволни.
3. Патка
Ако најпрвин ја видовте патката, вие сте 100% оптимист и апсолутно ништо не може да ве натера да се чувствувате лошо. За вас чашата не е половина полна или полупразна, секогаш е преполна. Живеете во моментот и сакате да го тестирате животот во потполност. Уживате да истражувате нови места, да учите нови вештини, а вашата љубопитност нема апсолутно никакви ограничувања.
4. Коала
Ако првото животно што го видовте беше коала, вие сте многу смирени и живеете секој ден со свое темпо, без оглед на сѐ. Вие сте многу љубезени, чувствителни, грижливи и внимателни и сите ваши пријатели знаат дека сте буквално само еден телефонски повик далеку од нив. Не сакате големи забави, туку уживате во мирна вечер со добра книга.
5. Слон
Вие сте многу уникатни и се грижите длабоко за сè околу вас. Вие сте лојални, одговорни и вашето семејство и пријателите секогаш можат да се потпрат на вас. Ако им треба помош, точно знаат со кого да разговараат. И некако секогаш наоѓате начин да најдете решение и да го поправите проблемот.
6. Мечка
Ако ја забележавте мечката, вие размислувате многу логични, конзервативни сте и традиционални, имате високи вредности и го градите својот живот според нив. Вие сте тивки и внимателни, не ви се допаѓа бучно друштво или гужви и вие секогаш барате хармонија. Вие верувате во правила и прописи, а спонтаните одлуки дефинитивно не се вашиот стил.
7. Жирафата
Ако жирафата е првото животно што го видовте, вие сте социјална пеперутка и природна „мажоретка“. Вие сте многу флексибилни, може да се прилагодите на било која група, и ќе станете центар на таа група за краток период. Сакате да зборувате и навистина може да одржите добар разговор со било кој.
8. Свиња
Вие сте многу независни и работите најдобро кога сте сами. Вашето внимание кон малите детали, вашата брилијантна меморија и вашите исклучителни аналитички способности може да ве направат многу ефикасни во се што е поврзано со било каков вид истрага.
9. Зајак
Ако зајакот е првото животно што го видовте, вие сте многу креативни, полни со енергија и едноставно заразно среќни. Каде и да одите, секогаш носиш смеа и радост, и секој сака да ви биде пријател. Вашето неверојатно чувство за хумор веднаш ве става во центарот на вниманието, без оглед дали е на работа или на забава. Некои луѓе можеби мислат дека сте малку плитки, но тоа е многу далеку од вистината.
10. Лав
Ако лавот е првото животно што го забележавте, вие сте природно роден лидер. Вие природно знаете како да ги убедите луѓето да ве следат за да постигнете заедничка цел, но понекогаш може да имате тенденција да бидете доминантни и вашата моќ може да биде малку преголема. Вие не се плашите од какви било предизвици, всушност, ви се допаѓаат, бидејќи тие ви даваат можност да покажете што можете да направите и да се чувствувате како победник. Вие сте многу конкурентни и имате извонредни стратешки вештини.
11. Був
Вие сте личност која рзмислува многу аналитички и е филозофски натсроена. Вие исто така најчесто сакате да работите самостојно. Уживате во тивката атмосфера и не ви се допаѓаат социјалните ситуации. Сакате сѐ да биде добро организирано, бидејќи секоја хаотична ситуација ве иритира. Вие сте перфекционист и понекогаш го очекувате истото од другите.