Човек направи одлична зделка кога си купил склад за 500 долари. Кога го отворил во него пронашол сеф во кој имало 7,5 милиони долари.
Откритието било објаснето во шоуто „Storage Wars“ од водителите Ден Дотсон и неговата сопруга Лора.
Ден рекол дека додека бил на аукција за автомобили во Калифорнија му пристапила една жена, која сакала да остане анонимна и му кажала дека има интересна приказна за раскажување.
Жената раскажала дека нејзиниот сопруг работел за некој човек од кој купил склад за 500 долари. Внатре пронашле сеф и кога повикале човек да го отвори тој не успеал во тоа. Потоа повикале друг човек, кој конечно успеал да го отвори сефот и иако тие очекувале да биде празен на нивно изненадување имало 7,5 милиони долари.
Откако ги пронашле парите работите се искомплицирале и луѓето биле контактирани од адвокатот на претходните сопственици на складот. Претходните сопственици им понудиле „награда“ од 600.000 долари доколку им го вратат сефот. Новите сопственици ја одбиле оваа понуда.
Но, сепак тие ја прифатиле втората понуда која изнесувала 1,2 милиони долари, а останатите 6,3 милиони треба да ги вратат на претходните сопственици. Не се знае од каде дошле тие пари и како некој заборавил дека има склад со 7,5 милиони долари.
Ден и Лора го поставиле ова прашање на нивните следбеници на Твитер, а ние ќе го поставиме и вам: „Што би направиле вие?“