Сликата на Леонардо да Винчи која минатата година се продаде за 395 милиони евра е „изгубена“ поради што љубителите на уметноста молат саудискиот принц да ја потврди нејзината локација.
„Салватор Мунди“ од големиот уметник не е видена во јавноста, откако била „присвоена“ од Лувр Абу Даби преку саудискиот кронски принц Мохамед бин Салман.
Сега, научниците и реставраторите на сликата сѐ повеќе се загрижени за тоа каде се наоѓа сликата. Професорот Мартин Кемп, научник од Да Винчи кој помогнал за автентицирање на делото пред една деценија, изјавил за Тајмс: „Никој надвор од непосредната арапска хиерархија не знае каде е.“
Друга личност со интимен увид во сликата е некој кој всушност работел на неа, и таа не знае каде е. Дајан Двајер Модестини, меѓународно признат конзерватор на слики од стари мајстори и деветнаесеттиот век, која поминала стотици часови враќајќи ѝ го сјајот на сликата побарала од Лувр Абу Даби да се изјасни каде се наоѓа „исклучително кревката“ слика.
Salvator Mundi, што значи „Спасител на светот“ , излегла на јавното излагање во 2011 година во драматично разоткривање во Националната галерија во Лондон, каде што делото било прогласено за првото новооткриеноа на Да Винчи во овој век.
Таа била продадена за 45 британски фунти во 1958 година, кога сликата се сметала за копија и била изгубена се додека не се појавила на регионална аукција во 2005 година. Сликата требало да биде прикажана во новиот Лувр во септември оваа година, но изложбата била откажана, што уште повеќе ги загрижило експертите за уметност.