Луѓето почнаа да ја исмеваат ПЕТА откако предложија нелогично решение на жителите на едно село во Англија.
Од организацијата исто така им објасниле на жителите на селото дека ќе им дадат подароци на сите жители доколку се согласат со нивниот предлог.
Советот на селото „Wool“ (Волна) во близина на Дорчестер, Англија добил барање од ПЕТА да го променат името со цел да искажат „хуманост кон животните“. Според нив селото, старо 1.000 години би требало да се вика „Vegan Wool“ (Веганска Волна).
На овој начин ќе се промовира „добрина кон овците“, а не волната која им ја „крадеме“ на овците. Во мејлот исто така е опишана суровоста кон овците во процесот на стрижење. Тие исто така им кажале дека ќе им подарат на сите 2.000 домаќинства во селото по едно „веганско“ ќебе.
Бидејќи ПЕТА направие предлог во писмена форма, членовите на Советот на селото „Wool“ се обврзани да го стават прашањето на дневен ред на нивниот следен состанок, но велат дека ќе предизвика огромна смеа.
Локалниот советник Чери Брукс вели: „Тоа е смешно барање и предизвика многу возбуда во селото. Некои луѓе се навредија, но поголемиот дел сметаат дека е многу смешно.“
Чери Брукс исто така посочила дека од ПЕТА погрешно ги сфатиле работите бидејќи името на селото било изведено од античкиот збор „welle“, извори, и нема никаква врска со индустријата на волна.