13-годишниот Кионжоу од Кина бил дијагностициран со Не-Хочкин лимфом и неодамна се префрлил во друго училиште за да биде поблиску до своите родители додека се опоравува од третман со хемотерапија. Сепак момчето се соочило со дискриминација од невидени размери.
Еден од неговите професори го ставил Кионжоу да седи подалеку од неговите соученици и не му дозволувал да прави тестови затоа што сметал дека момчето има заразна болест. Таткото на момчето, Жоу прв пат забележал дека нешто не е во ред кога момчето не добило оцена на полугодишен тест.
Професорот кој исто така се вика Жоу му забранил на момчето да се доближува до соучениците за време на наставата и не му дозволил да ги решава тестовите. Досега момчето пропуштило 3 полугодишни тестови.
„Можете ли да замислите што му поминувало низ главата на мојот син за време на тие 45 минути? Бил принуден да седи сам како будала. Колку ли тажно се чувствувал?“, изјавил таткото на момчето.
Кионжоу исто така раскажал дека откако тој се префрлил во училиштето голем број од децата не доаѓаат на настава поради него.
Професорот кој исто така има улога на заменик директор во училиштето е суспендиран од работното место.
Не-Хочкин лимфом е тип на рак кој се развива во лимфниот систем, мрежа на садови и жлезди што се шират низ телото. Детето било дијагностицирано со болеста пред една година и сега е во завршната фаза со хемотерапија.