Истата вечер кога Матија се вратил дома од притвор и со пресуда од 3 години затвор поради сериозно обвинение за обид за убиство се упатил кон домот на неговиот пријател Милан, но застанал во дворот затоа што имал забрана од полицијата да му се доближува.
Имено 62-годишниот Матија Карас бил во затвор поради обид за убиство на неговиот пријател и сосед Милан Сушиќ. Според пресудата, Карас и Сушиќ на кобниот ден, 15 јануари, пиеле алкохол, од утро до вечер и прилично се напиле.
За време на нивна расправија Матија го посипал Милан со бензин и потоа го запалил. Тој претрпел тешки изгореници – според медицинските наоди, околу 30 проценти од површината на телото му изгореле од 2 до 3 степен.
Според законот, кога обвинетиот е ослободен од притвор судот преку полицијата мора да го извести оштетениот за да не предизвика несакани контакти меѓу него и обвинетиот. Полицијата го известила Милан, но ова само било знак дека двајцата пријатели треба повторно да се дружат.
„Ние живееме скоро еден до друг. И реков на полицијата дека не можам да го избегнувам кога живее на неколку метри од мене. Ние седевме до печката и пиевме, во еден момент го извадив бензинот кој го користам за палење на печката и го посипав. Жал ми е. Откако го запалив и изгаснав, испивме уште неколку пијачки и кога рече дека не може да оди до дома го однесов.“, вели Матија.
Ид двајцата пријатели велат дека вината е во алкохолот. „Ние сме сѐ уште најдобри пријатели, му простувам. Поради алкохолот беше. Само поради алкохолот. Шприцер.“, изјавил Милан.
Сега Матија сака да му помогне на Милан да го среди лозјето бидејќи тој повеќе не може поради повредата на рацете, но не знае како ќе се справи со тоа поради забраната на полицијата. Сепак вели дека ќе најде начин да му помогне на пријателот.