Џон Ален Чау бил проповедник и мисионер од САД кој животот го посветил да им помага на луѓето во тешки ситуации. Пред неколку дена 27-годишниот Џон му платил на локален рибар да му помогне да дојде до островот Север Сентинел, еден од најизолираните региони во светот на островите Андаман во Индија.
Чау заедно со рибарот и неговиот брод се проближил до островот, а потоа сам со кајак отишол до копното, каде што домородните луѓе живеат целосно отсечени од надворешниот свет.
Тогаш рибарот бил сведок на убиство. Тој сведочел пред полицијата дека домородците исфрлиле голем број на стрели кон Џон и неколку од нив го погодиле. Потоа му врзале јаже околу вратот и го одвлечкале во внатрешноста на џунглата.
Локалната полиција изјавила дека убиството е регистрирано, но дека не може кривично да се гонат жителите на островот бидејќи патувањето до островот и контактот со нив е забранет, во обид да го заштитат нивниот домороден начин на живот и да ги заштитат од болести. Но, затоа ќе им се суди на рибарот и луѓето кои што му помогнале на Џон да дојде до островот.
Џон на својот Инстаграм профил објавувал детали од патувањето сѐ до неговата смрт. Неговите пријатели изјавиле дека тој бил многу хумана личност и помагал при секакви катастрофи и непогоди. Според пријателите Џон цели три години се припремал за патувањето до Сентинел.
Неговата цел била да го проповеда христијанството на племиња и да им „помогне“.
Отсекогаш ве мачеле големите прашања? Верувате дека светот не е толку едноставен и дека постојат и работи кои не ги гледаме? На вистинското место сте. Посетете го каналот Мистерии и урбани легенди.