Љубовта не може да се објасни логично. Тоа е чувство кое нема граници или стереотипи.
Возраст, социјален статус, различни култури – ниту едно од овие не може да спречи 2 луѓе да се сакаат и да бидат заедно.
1. Винсент Касел и Тина Кунаки
Многу луѓе го критикуваат Винсент затоа што ја оставил Моника Белучи и сега е со Тина која е 31 година помлада од него. Додека Тина ја критикуваат дека е во брак со Винсент само за да добие на популарност. Сепак тие изгледаат прилично заљубени еден во друг и постајано се заедно.
2. Хафтор Бјорнсон и Келси Хенсон
Ѕвездата од „Игра на тронови“ познат како Планина ја запознал Келси во бар каде што таа работела како келнерка. Келси му е едвај до пазувите на Хафтор, но тоа не им пречи.
3. Марк Закерберг и Присила Чен
Многу луѓе мислат дека моќните мажи избираат само убави модели за сопруги. Но, еден од најбогатите луѓе во светот, Марк Закерберг, не се грижи за стереотипите и се венча со својата најдобра пријателка.
4. Хју Џекман и Дебора-ли Фурнес
Хју Џекман е посакуван од милиони жени, но тој ја избра 13 години постарата Дебора. Таблоидите често пишуваат дека Дебота изгледа како да му е мајка. Но, и покрај сето тоа, Хју и Дебора-Ли се сé уште заедно и изгледаат многу среќни.
5. Арон Тејлор-Џонсон и Сем Тејлор-Џонсон
Сем има 50 години, а Арон 27 години. Тие се 6 години во брак и имаат 2 ќерки. Кога ќе го прашаат зошто избрал толку постара сопруга тој вели дека Сем го прави среќен.
6. Питер Динклеџ и Ерика Шмит
Уште една ѕвезда од Игра на тронови, Питер Динклеџ е 12 години во среќен брак. Актерот се запозна со Ерика, млад театарски режисер, уште во 1995 година, а нивното блиско пријателство се претвори во врска. Денес, двојката има 2 деца.
7. Лив Тајлер и Дејв Гарднер
Прекрасната Лив е повисока од нејзиниот сопруг Дејв, но таа не се грижи за тоа и сепак си носи високи потпетици. Тие имаат 2 деца заедно.
8. Саша Барон Коен и Исла Фишер
Тој е шоумен кој ја шокираше јавноста многу пати со своите таленти, а таа е скромна, мала жена, актерка и писателка. Тие живееле во различни светови, но за да бидат заедно одлучиле да направат промени. Исла, на пример, ја промени својата религија и го прифати Јудаизмот. И Саша ги споделува интересите на Исла за добротворни цели, а двојката неодамна донираше 1 милион долари за Сирија.
9. Џесика Алба и Кеш Ворен
Приказната за нивната љубов нè потсетува на романтичен холивудски филм: обичен човек по име Кеш работел како помошник на режисерот и извршувал ситни работи како нарачување пици и купување кафе. Тој никогаш не сонувал дека ќе се запознае со својата омилена актерка и ќе стане нејзин сопруг. Тие се заедно веќе 10 години и имаат 3 деца.
10. Принцот Хенри и Меган Маркл
Разведена 37-годишна американска актерка со авганистански корени од „обично“ семејство стана дел од британското кралско семејство! Мислевме дека такви работи се можни само во бајките, но не бевме во право.