Секогаш на крајот се претворате во она што постојано го правите. Ако вашите навики не ви помагаат, тогаш ве повредуваат.
Еве неколку примери за тоа како лошите навики можат да ви ја украдат среќата ако го дозволите тоа.
1. Сосредоточување на сечија друга приказна, само не и на својата
Не задоволувајте се со успешните приказни на други и колку добро им оди, заборавајќи на својот сопствен успех. Превземете контрола врз вашиот живот и осмелете се да работите на остварувањето на вашите снита.
2. Чекањето на совршениот миг
Не купувајте го митот за совршениот миг. Миговите не се совршени, такви се какви што ќе ги направите вие. Толку многу луѓе чекаат да им се подредат ѕвездите за да почнат да жнеат успех и среќа, а тоа едноставно никогаш нема да се случи, бидејќи среќата (или несреќата) си ја коваме самите.
3. Работа колку за плата
Работата без заинтересираност, предизвик и задовлоство е затвор. Дури и ако не сте супер-страсен во однос на вашата работа, сепак треба да чувствувате мал интерес за да ја извршувате квалитетно и да не чувствувате дека животот ви минува залудно.
4. Чување на омраза во срцето
Како што кажал Мартин Лутер Кинг, темнината не може да истера темнина, само светлината го може тоа. Омразата не може да искорени омраза, само љубовта го може тоа. Кога долго мразите, на крајот омразата ве стигнува вас самите. Заборавате зошто мразите и кого мразите. Мразите бидејќи тоа станало дел од вашиот карактер.
5. Излишниот страв и грижи
Еден ден кога ќе погледнете наназад ќе увидите дека речиси сите ваши грижи и стравови биле бесцелни и целосно неосновани. Па зошто не го согледате тоа сега, и го избегнете ризикот да потрошите значаен дел од вашиот живот на глупости пропуштајќи многу можности.
Ослободете се од грижите и стравовите, гневот и потребата секогаш да сте во право и да ги контролирате другите и животот ќе ви биде многу поедноставен и пполесен.
6. Постојано мислење на тешкотиите
Лошиот ден е само лош ден. Не претворајте го во лош живот. Лошите настани неизбежно влијаат врз секојдневието, но не дозволувајте да ве попречат во вашата цел. Решавајте ги проблемите и размислувајте за нив, но не дозволувајте вашиот живот да стане проблем.
7. Постојана потрага по површни задоволства
Во животот има два вида на задоволства – краткотрајни, површни и длабоки и постојани. Првите најчесто се поврзани со материјалната удобност, додека вторите се стекнуваат со продлабочување на умот. Доколку се сосредоточите на развивање на вашата личност, вашето образование и духовен развој, ќе ви биде полесно да останете смирени и сталожени во тешките моменти.
8. Обидувањето да се направи голема промена наеднаш
Ако сакате да го смените светот или вашиот живот, почнете од вашата околина, од најмалите нешта. Промените се случуваат по принцип на верижни реакции. На пример ако направите некој да се насмевне, тој некој ќе насмее некој друг итн.
9. Се држите за некој кој ве повредува
Понекогаш мора да оставите некои луѓе зад вас, не затоа што не ви е грижа за нив, тику поради тоа што ним не им е грижа за вас. Тоа е горчливо апче за голтање, но е неопходен лек. Не напрегајте се да ги импресионирате, бидејќи тоа никогаш нема да го промени нивниот став кон вас, ниту ќе покажат одобрување или почит, туку секогаш ќе се трудат да ги минимизараат вашите успеси. Никогаш не обидувајте се да им докажете нешто, просто е губење на време.
10. Придавање на преголема важност на телесната привлечност.
Да се впуштате во длабока врска со некого само поради тоа што изгледа добро е како да ја бирате вашата храна според бојата, а не според вкусот. Секој човек има своја вредност, а понекога учите да ги сакате дури и лузните на лицето на саканата личност.