Купувачите во трговскиот центар Тинвалд Милс на островот Ман, поточно Даглас, се почувствувале како натрапници во интимниот момент на две поларни мечки.
Мечките биле дел од божиќните украси во трговскиот центар и „благодарение“ на нив многу луѓе си заминале со насмевка дома. Позицијата „18+“ на мечките ги предизвикала шегаџиите на социјалните мрежи и набргу трговскиот центар станал „познат“ по нив.
Од Тинвалд Милс сепак јавно се извиниле за „грешката“ и ги поставиле во „пристојна“ позиција. Нивниот портпарол изјавил: „Ние би сакале да им се заблагодариме на нашите клиенти што навлегоа подлабоко во Божиќ оваа година со нашите поларни мечки во холот и веуверуваме дека изложбата сега се промени од првото поставување. Се извинуваме доколку некој се навреди од нашата донекаде интерактивна изложба.“
Од трговскиот центар исто така ставиле и хаштаг „Лоши мечки“ и „Ноќ во шопинг центарот“.