Маж по име Бен е обвинет дека имал секс со жена додека бил на одмор во Блекпул, пред да ѝ каже дека ќе го избрише нејзиниот број за неговата девојка да не дознае. Тој бил разоткриен од изреволтираната пријателка на жената со која бил тој ден.
„Ако твоето момче се вика Бен од Честерфилд и минатата ноќ беше во Блекпул, ја из*ба мојата пријателка на плажа и дури оваа утро ѝ кажа дека има девојка.“, напишала пријателката Ивана на Твитер.
Ивана потоа ги објавила и сликите од пораките разменети помеѓу Бен и нејзината пријателка во кои стоело:
Објавата на Ивана добила 5,300 ретвитови и 1300 лајкови. Тогаш вистината излегла на површината. Девојка по име Кејли Бетни ја видела објавата и напишала на Фејсбук: „Па, Бен, за кој сите слушнавте на Фејсбук беше моето момче, Бен Бенџо Грин и вау кој кретен е.“
Мајката на Кејли исто така коментирала дека нејзината ќерка била скршена од болка кога дознала за неверството на нејзиното момче.