Зградата наречена „Лале“ ќе стане втора највисока во Лондон зад „The Shard“ и ќе има 12-катна „пупка“ на врвот од бетонскиот дел висок 240 метри, со платформи за набљудување на 8 ката. „Лале“ исто така ќе има ресторани и барови кои ќе можат да угостат 1.500 луѓе.
Облакодерот се наоѓа веднаш до култата Геркин, висока 180 метри, дизајнирана од истите архитекти Фостер и Партнерите во 2003 година.
Посетителите на облакодерот ќе имаат поглед од 360 степени на Лондон, со мостови, стаклени лизгалки, возење во стаклени кабини од надворешниот дел, како и интерактивни разговори и презентации од експерти за историјата на главниот град.
Плановите ќе бидат доставени до корпорацијата Сити Лондон, по една година дискусии и се очекува да започнат со работа во 2020 година на зградат,а, за која се надеваат дека ќе привлече еден милион посетители. Вкупната височина на „Лале“ изнесува 305 метри.