Крег Вуд, воен ветеран, имал само 18 години кога служел во Авганистан и во експлозија ги изгубил двете нозе и раката. Сега 27-годишниот маж, бил во кома 14 дена и лекарите кажале дека има многу мали шанси за преживување. Сепак Крег се разбудил и решил да се бори за подобар живот.

Кога Камила војвотката од Корнвол го посетила во центарот за рехабилитација тој ветил дека повторно ќе оди. Тој не само што го одржал ветувањето туку станал и морнар. Крег ги истражува морињата сам на неговата 14-метарска јахта наречена Сириус.

Крег, по потекло од Донкастер, јужен Јоркшир, сега сака да им помогне на другите воени ветерани и ја нуди својата јахта како рехабилитација за оние што страдаат од пострауматски стрес. Тој служел со 2-от баталјон, и бил на патрола во провинцијата Хелманд на 30 јули 2009 година, кога станал една од најмладите жртви на војната.

На Крег му биле потребни 8 месеци за да научи како да ги користи протетските нозе и поминал повеќе од 4 години на рехабилитација. Во тоа исто така имал и десет операции на неговото оштетено лице.

По завршувањето на рехабилитацијата тој заминал за Гибралтар во април 2017 година и оттогаш поминал околу 1.300 километри.

Тој вели дека ужива во патувањето и едрењето, а неговиот нов живот „сега има смисла“. Крег исто така вели дека сѐ уште е млад и го има сето време на светот за да плови.

И покрај тоа што неговата приказна инспирирала неколку ветерани, Крег вели дека тој едноставно си ужива во животот. Тој е поддржан од неговото семејство, особено родителите Пол и Лесли кои го следат неговото патување.

Сподели на Facebook
пати видено