Под псевдонимот Сиена Пејтон, тинејџерката од Пенрит во западниот дел на Сиднеј, вели дека добила инспирација да ја продаде својата невиност откако прочитала за „аукции на невиност“ во медиумите.
Таа долго време ја имала оваа идеја во глава, но неодамна завршила средно училиште и наполнила 18 години пред неколку месеци па одлучила дека е време да ја реализира нејзината идеја.
„Читав за тоа како различни девојки си ја продаваат својата невиност за милиони долари и сметам дека тоа е интересен концепт. Моите пријатели исто така ми го споменаа тоа, тие многу ме поддржуваат. Знаете ова е одлична можност за мене за да можам да го продолжам моето образование.“, изјавила младата девојка за медиумите.
Минатата недела Сиена добила понуда да студира софтверски инженеринг на Универзитетот во Сиднеј, која таа има намера да ја прифати. „Кога ќе ги имам тие дополнителни пари ќе ми помогнат и ќе ме унапредат не само во образованието туку ќе можам и да патувам.“, вели Сиена.
Сега за сега девојката добила неколку понуди. Првата понуда била 1.000 долари, потоа ѝ понудиле 10.000 долари, но кога му вратила на наддавачот тој повеќе не ѝ пишал и таа претпоставува дека се шегувал само со неа. Потоа добила понуда од 30.000 долари и понуда од 15.000 долари во која наддавачот барал да имаат незаштитен секс.
„За мене невиноста не е некоја голема работа. Знам дека за други луѓе е и тие чекаат да стапат во брак или додека да ја најдат совршената личност за нив.“, вели Сиена. Исто така тинејџерката изјавила дека не ѝ е важна возраста и изгледот и дека невиноста ќе ја продаде на оној кој ќе понуди најмногу, а за почеток има „замислено“ износ од 100.000 американски долари.