Витези и лажговци живеат на непознат остров. Витезите секогаш ја кажуваат вистината, лажговците секогаш лежат.
Тројца жители на островот (А, Б и В) се расправале на пазарот. Еден странец поминал и го прашал жителот А: „Дали си витез или лажго?“ Странецот не разбрал што му одговорил А, па му поставил друго сосема логично прашање за жителот Б: „Што рече А, не го слушнав?“ Б одговорил: „А рече дека е лажго“. Но во дискусијата се вмешал жителот В кој рекол: „Не верувајте му на Б, тој лаже!“
Кои се Б и В?
За да не ја расипеме забавата и дискусијата околу точното решение, решението го објавивме на Андроид апликацијата на Мотика.
1 2