Кога ќе помислат на ирското виски Џејмсон, луѓето најчесто не помислуваат на канибализам. На крајот на краиштата, вискито и канибализмот не би можеле да имаат никаква заедничка врска, нели така?

Во 1888г. Џејмс С. Џејмсон, наследникот на империјата на Џејмсон Виски, наводно не само што барал да биде сведок на чин на канибализам во срцето на Африка, туку им продал и жртва.

Во тоа време младиот Џејмсон си создавал репутација како т.н. „најмен колонист“. Се приклучил кон белгиска експедиција во срцето на Конго. Групата ја истражувала земјата како можна белгиска колонија.

ч01

За време на неговото патешествие придружник му бил неговиот преведувач од Сирија, Асад Фаран. Фаран подоцна бил тој кој за Њујорк Тимес во 1890г. ги обзнанил дејствијата на младиот богаташ, две години после експедицијата.

Фаран тврдел дека за време на експедицијата Џејмсон често пројавувал љубопитност кон канибализмот. Тој верувал дека тоа често се случува кај африканските домородци. Неговото интересирање за човекојадството бил толку голем што сакал да го види со свои очи.

ч02

За време на патувањето, Џејмсон купил десетгодишна робинка по цена од шест шамивчиња. Неговиот план бил да ја подари на човекојадци и да гледа како ја јадат…што наводно и го сторил. Го однеле девојчето кај колибите на едно племе човекојадци, и Фаран им кажал дека девојчето е подарок од бел човек кој сака да гледа како ја јадат.

ч03

После долго размислување, човекојадците се согласиле.

„Девојчето го врзаа за дрво“, вели Фаран за Њујорк Тајмс. „Домородците извесно време ги остреа нивните ножови. Еден од нив ја прободе двапати во стомакот. Таа не врескаше, но знаеше што следува и гледаше лево и десно барајќи помош. Кога ја прободеа таа умре. Примитивците исекоа делови од нејзиното тело, а Џејмсон сето време ги скицираше ужасните сцени.“

ч04

„Потоа отидовме во куќата на главатарот. Потоа Џејмсон се врати во неговиот шатор, кадешто скиците ги заврши во акварел. Имаше шест цртежи, добро изработени. На првиот беше прикажано врзаното девојче прободено со нож. На вториот беше прикажано како ѝ блика крв, на третиот како ја сечат. Четвртиот, петтиот и шестиот прикажуваа како луѓе носат разни делови од нејзиното тело. Џејмсон им ги покажуваже овие цртежи на сите главатари.

Во 1888 Џејмсон се разболел и починал. По објавувањето на шокантната сторија на Фаран, вдовицата на Џејмсон објавила писмо кое наводно го напишал Џејмсон пред да умре, во кое ги опишува случувањата во џунглата. Во писмото се тврди дека тој чувствувал одбивност кон канибализмот и сакал да го спаси животот на девојчето.

Jameson

Белгиската влада на крајот го натерала Фаран да ја одрече својата приказна. Но повеќе историчари сметаат дека тоа што го раскажал Фаран за дејствијата на Џејмсон во Конг се делумно точни.

Доколку сакате добра акција или пак забегани и жестоки случки само за најхрабрите читатели, тогаш посетете го каналот Жестоко. Предупредување: Содржините може да ве вознемират!

Сподели на Facebook
пати видено