Поканиле група професори-инженери да летаат со нов модел на авион. Откако удобно се сместиле, ги информирале дека авионот е направен по проект на нивни студенти. Сите, освен еден, брзо скокнале и избегале надвор од авионот. Професорот кој останал мирно си седел на местото. Го прашале:
– Зошто вие не се уплашивте како другите професори?
– Затоа што јас целосно им верувам на моите студенти. Познавајќи ги, можам да ви гарантирам дека ова ѓубре нема воопшто да тргне.