Чеченскиот лидер Рамзан Кадиров му ги предаде клучевите на 5-годишниот Рахим Курајев од луксузниот автомобил, како награда за рекордот на момчето од 2 часа и 25 минути. Наречено „Чеченскиот Шварценегер“, момчето кое сѐ уште оди во градинка, треба да го повтори постигнувањето за да биде евидентирано како официјален светстки рекорд.
Детето успеало да направи 4.105 склекови, без одмор и за тоа добило бел Мерцедес вреден над 30.000 евра. „Татко ти нека те вози во ова. Ти си достоен за да се возиш во бел Мерцедес.“, му рекол Кадиров на момчето.
Кадиров, кој владее со овој руски регион со железна тупаница, е широко критикуван поради наводните злоупотреби на човековите права во Чеченија, опустошена со две војни по падот на СССР. Тој исто така е приврзаник на Путин.
Склековите кои ги направило момчето го надминуваат светскиот рекорд, но не бил регстриран во Русија бидејќи официјалните лица не биле задоволни со квалитетот на видео-снимката од подвигот на момчето.