Кристофер Перкопија, од Тексас, бил обвинет дека влегол во домот на неговата поранешна девојка, ја нападнал и „изрезбал“ знак „Х“ на нејзините гради со нож. 21-годишното момче се соочувало со обвинение за провала во дом со намера да изврши други злосторства и физички напад, што можело да го доведе до казна затвор од 99 години.
Поранешната девојка тврдела дека Кристофер ја нападнал во 19:30 часот на 20-ти септември, но Кристофер знаел дека во тој момент воопшто не бил во градот, само требал да го докаже тоа. За среќа неговата мајка имала решение.
На мајката на Кристофер, Ерин, ѝ текнало дека во моментот кога девојката тврдела дека бил извршен нападот таа објавила селфи на социјалната мрежа Фејсбук. На фотографијата се наоѓа, таа, нејзиниот син и уште еден пар. На фотографијата стоело времето кога е објавена, како и локацијата дека е објавена од место кое е 105 километри оддалечено од домот на поранешната девојка на Кристофер.
Откако доказот бил обработен од полицијата Кристофер бил ослободен од сите обвиненија. Тој не ја тужел поранешната девојка за лажно обвинување. Според Кристофер тој и девојката имале бурна врска додека биле во средно и поради тоа дошло до ваква кулминација на настаните.