Новоназначениот министер за сајбер безбедноста на Јапонија откри дека никогаш не користел компјутер во целиот свој живот.
Јошитака Сакурада , исто така, задолжен за Олимпијадата во Токио во 2020 година, му рекол на јапонскиот парламент дека има „насочено вработени и секретари да прават такво нешто“.
68-годишниот Сакурада морал да признае дека нема искуство со компјутери откако на прашањето од новинарите поврзано со електричната мрежа и малициозните софтвери, министерот одговорил „USB скоро никогаш не користиме“, по станало очигледно дека Сакурада не знае што е тоа USB.
Претставниците на медиумите тогаш продолжиле да се смеат и да му постауваат прашања на министерот. Министерот ги уверувал дека иако тој нема „компјутерска писменост“ неговиот тим беспрекорно ги извршува задачите и дека граѓаните не треба да се грижат за тоа.