Роберт Бејли имал претчуство дека неговите броеви се среќни и откако ги играл истите 6 цифри цели 25 години, чекањето конечно му се исплатило. Тој го освои најголемиот џекпот во историјата на лотаријата на Њујорк.
67-годишниот пензионер, кој работел во државната администрација освоил 343.8 милиони долари. Целосната награда била скоро 700 милиони долари, но џекпотот бил поделен на два дела бидејќи жена од Ајова ги избрала истите цифри како и Роберт.
Среќните броеви кои Роберт ги играл биле: 8, 12, 13, 19, 27 и 4. Среќниот добитник вели дека кога сфатил дека освоил џекпот, се трудел да остане смирен, изгледал неколку филма и не спиел цела вечер.
Роберт не сакал да се појави јавно како добитник на џекпот, но условите за подигнување на наградата го налагале тоа.
Тој вели дека со парите сака да купи земјиште и куќа за неговата мајка и да ја обезбеди помладата генерација од неговото семејство. Исто така изјавил дека ќе донира одредена сума во хуманитарни организации во Менхетн, каде што израснал.