Русин по име Андреј решил да си купи нов лаптоп преку AliExpress, но тој не се надевал дека, навидум сигурната платформа за онлајн купување ќе му „украде“ 1.000 евра. Тој ја раскажува својата приказна:

Во пролетта останав без лаптоп и решив да купам нов MacBook Pro. По неколку дена сурфање на Amazon, Computeruniverse, AliExpress во потрага по најдобра цена, едно утро на AliExpress видов банер на главната страница со попусти на овој модел. ‘Зошто да не?’ – си помислив, а на 27 мај пратив порачка за MacBook Pro 15. Како што се покажа подоцна – залудно.

Прием на стока

Доставувањето на пакетот на островот Кипар траеше малку повеќе од две недели (бидејќи платив 70 евра за испорака,се надевав дека ќе ми стигне за една недела). Според локалниот закон, сите пакети кои доаѓаат надвор од Европската унија се оданочуваат со 19%, па така во моментот на приемот добив да платам и царина, законот е закон, потребно е да се почитува.

Услугите на царински агент чинат уште 50 евра, конечната цена на лаптопот се покажа дека е скоро 2000 евра. По добивањето на сите документи, отидов во поштата да го земам мојот лаптоп.

Отпакување

Во поштата го отворив пакетот за да ја проверам нарачката и отварајќи ја кутијата од страна на пакувањето на лаптопот го видов натписот MacBook, но не и Pro. Кога порачувам од AliExpress подготвен сум на вакви ситуации и си помислив: ‘Во ред немав среќа, ајде да го решам проблемот и да си ги вратам парите.’ Но, работите не се одвиваа така.

Решив да одбијам да ја земам пратката, но царинскиот службеник ми кажа дека според законот царината не се враќа и не сакав да изгубам 350 евра. Одлуката беше да се покрене жалба и да се врати разликата во цената на лаптопите.

Спорот

Вечерта на истиот ден, отворив спор за производот и прикачив докази: видео од распакување, фотографии од пакетот и скриншот од нарачката. Сакав да ја вратам разликата во вредноста на стоката во продавницата на продавачот (Gshopper Globle Store) и разликата во цената на царинските давачки меѓу овие производи – околу 1000 евра.

Продавачот веднаш „се направи будала“ и ми го кажа ова:

Потоа сфатив дека нема да го решим проблемот со продавачот, па го чекав одговорот од тимот на AliExpress. По осум дена, тие предложија решение:

Веднаш го отфрлив целосната наплата, затоа што никој не ми ја враќа царината на мене, а јас бев задоволен од другата точка со мало прилагодување на цените и им пишав за тоа, но моето барање беше игнорирано и тие не се согласија да ја вратат разликата во цената на царинските давачки. И продавачот се согласи со втората опција и напиша да му вратам iPad !?

Игнорирањето на мојот предлог, траеше една недела и, изгубив вера во мудроста на тимот за разгледување на спорот, па се согласив со предложениот износ за наплата.

Следниот ден, како што е прикажано на сликата погоре, тимот на AliExpress ја отстрани можноста за враќање дел од износот и ме остави без избор. Тука бев изненаден дури и повеќе од одговорите на продавачот и ја отфрлив оваа одлука. Подоцна, имаше уште три слични понуди без избор, кои јас го отфрлив, и на крајот AliExpress избра решение без моето учество:

Во текот на спорот, постојано контактирав со службата за поддршка за да ја објаснам оваа ситуација, но добивав „дипломатски“ одговори: „Сигурно сте во право, ние сме на ваша страна, но, за жал, не можеме да се мешаме во спорот, бидејќи другиот тим е ангажиран.“ И такви работи.

Откако беше донесена одлуката, добив 10 дена да ја вратам стоката. Тоа не ми се допадна, сакав да си ги вратам парите без разлика и повторно се свртев кон службата за поддршка:

Консултантот на службата за поддршка ми објасни дека не морам да ја испратам стоката и тие самите ќе поднесат жалба и ќе го решат целиот спор. „Одлично!“, со помислив. Но, прерано се израдував.

Жалба

Значи, започна нова фаза на игнорирање на клиентот. Со првата жалба на одлуката, сите докази беа собрани и предадени на консултантот за поддршка, тој рече дека ги приложил, и треба да почекам само 2-3 дена за одлуката. Додека чекав некое врме, повторно ја контактирав службата за поддршка, но, како што можете да погодите, враќањето беше одбиено, запазете, поради недостаток на докази! Го прашав консултантот повторно да ги приложи доказите и повторно да ја поднесе жалбата, но немаше корист од тоа.

Повиците кон службата за поддршка траеја повеќе од еден месец и не донесоа резултати, имаше еден одговор на сите жалби: „нема доволно докази“. Неколку пати ми напишаа дека ќе побараат од шефовите на нивните одделенија да го решат прашањето под лична контрола, но потоа добив само одбивање на мојата е-пошта со извинување, ништо повеќе. Комуникацијата со службата за поддршка беше прекината, но во исто време надежта за враќање на барем одредена сума на пари избледе. Продавачот не одговараше на моите пораки, немаше одговор за враќање на било каква сума на пари.

Резултатот

Бев убеден дека пазарот на AliExpress ги брани интересите на потрошувачите до крај, но како што можете да видите од мојата приказна, ова не е така. Немаше никакви санкции за продавачот, банерот со лап-топ компјутери на „Епл“ беше на главната страница како и порано, а јас се збогував со 1.000 евра.

Мислам дека оваа приказна ќе ви помогне да одлучите дали да нарачате скапи предмети од AliExpress или би требало да размислите? Верувам дека платформата каде што парите лесно можат да бидат украдени од вас не е вредна за вашето внимание.

Дали сте имале слична ситуација како Андреј?

Сподели на Facebook
пати видено