Верно куче во северна Кина ги допре срцата на милиони откако беше забележано како ја чека својата сопственичка на патот повеќе од 80 дена откако таа била убиена таму. Секој ден од смртта на жената, на 21-ви август, верното куче доаѓа на истото место каде што била прегазена од автомобил и ја чека да се врати.
„Поминаа скоро три месеци. Кучето е секогаш таму, без разлика дали има дожд или сонце. Тоа е толку трогателно.“, изјавил таксистот Гуо Ксинхуа, кој често поминува по тој пат. Гуо исто така рекол дека локалното население се обидело да му даде храна, но кучето се плаши од непознати и бега кога некој ќе му се доближи, но потоа повторно се враќа на „местото на злосторството“.
Голем број на Кинези биле воодушевени од лојалноста на кучето и го споредиле со познатото куче Хачико, кое со години го чекало својот починат газда на железничката станица. Додека некои од луѓето изразиле загриженост за здравјтето на кучето.