На прв поглед личи како љубовно гнездо во кое затворениците би пречекувале посетителки, но да не заборавиме дека ова сепак е затвор!
Се работи за специјална кабина со 100% звучна изолација, во која психијатрите би ги смирувале најбесните затвореници. Внатре во кабината свири тивка, смирувачка музика, а однадвор не се слуша и не се гледа ништо, па дури и најлутите затвореници, ќе можат да си поплачат на раат во присуство на психијатар. Британците планираат да постават вакви „јајца“ во сите затвори во земјата.