Џејн Парк го освоила џекпотот на националната лотарија во Шкотска, во износ од 1 милион евра, а сега сака своите пари да ги „инвестира“ во „љубовта“.
Џејн која сега има 23 години неодамна раскинала со нејзиното момче, фудбалер и имала неколку минливи врски.
Таа одлучила да направи веб страна, каде што ќе можат да аплицираат мажи кои сакаат да бидат во врска со неа. За возврат Џејн ќе им даде „џепарлак“ од 60.000 долари годишно.
Младата девојка изјавила дека откако го освоила џекпотот е многу несреќна и не знае дали луѓето се со неа поради парите или нејзиниот карактер, затоа по неколку разочарувања решила да ја „разјасни“ ситуацијата и да има „договорна врска“.
Џејн исто така „инвестирала“ во себе, така што си ставила силикони во градите, усните и задникот.
Нејзината потрага по „совршено момче“ ќе биде документирана од филмска екипа и ќе биде искористена за документарец.