Норман Голдвасер, директор на клиниката Horizon Psychological Services, во Мајами, ја споредувал хомосексуалноста со опсесивно компулсивно пореметување и тврдел дека неговите услуги би можеле да ја променат сексуалната ориентација на клиентите.

Но, 46-годишниот терапевт морал да признае дека и самиот е геј, откако го фатиле како користи апликации за запознавање со хомосексуалци. Тој го употребувал псевдонимот „hotnhairy72“ (врел и влакнест) и ставал голи фотографии од себе на својот профил за да привлече други геј мажи.

Тој во делот за интереси набројал дека сака: „Врска, бакнување, масажи, мажи во брак“, како и серија експлицитни сексуални активности. Профилот бил откриен од страна на маж кој тврди дека е еден од поранешните пациенти на Норман.

Поранешниот пациент потоа ја контактирал „Вистината победи“ – LBGT непрофитна организација која поставила лажен профил со името „Брендон“ за да го привлече терапевтот да се состанат. Голдвасер, наводно, се согласил да се сретне со Брендон во мотелската соба во Форт Лодердејл, пред да се соочи со основачот на организацијата Вејн Бесен.

Вејн вели дека Норман првин се обидувал да негира дека е тој на апликацијата, но откако му ги покажал фотографиите терапевтот признал и го молел да не кажува.

Сепак приказната дошла до медиумите и Норман испратил официјална изјава, во која стоело: „Фактот дека оваа приказна и другите се доведени до јавноста е неверојатно болно, но ќе стане катализатор за мене, така што ќе барам вистинска помош за себе. Жално е што и покрај фактот дека сум бил во можност да им помогнам на многу луѓе во текот на годините кои страдале од последиците од сексуална злоупотреба како деца и сексуална зависност, јас очигледно не можев да си помогнам на себе. Нема оправдување за моето лично однесување и длабоко жалам за болката што ја предизвикав на луѓето во мојот личен живот.“

Сподели на Facebook
пати видено