Очекувајте во иднина да не можете да мрднете без 20 камери да ве снимаат и 20 микрофони да ве прислушкуваат. Оваа иновација најверојатно ќе ги намали сообраќајните несреќи, но делува и застрашувачки, знаејќи какви луѓе се мешаат во политика и доаѓаат на власт.
Камерата на беспилотното летало детектира дали некој се движи по недозволениот дел од патот и дали некој се движи со поголема брзина од дозволената. За сега леталото само ги детектира прекршителите и ѝ испраќа детали на најблиската полициска патрола. Тестирањето на новата опрема започна во областа Астрахан.