Се викам Кент Шираиши. За мене фотографијата претставува начин како да се изразам себеси. Студирав фотографија на универзитет, но ги напуштив студиите бидејќи не ми беше интересно. Подоцна се обидов со летна школа, но на крајот решив да учам сам.
Првата фотографија која ја направив беше со мојот дедо, кој ми даде камера за подарок. Моето омилено место за фотографирање е Хокаидо, Јапонија – најубавото место во светот.
Ова сино езерце во Хокаидо ги менува боите во зависност од времето. На пример, на пролет има спектакуларно зелена боја. Вештачкото езеро беше создадено како дел од систем за контрола на ерозијата со цел да се заштити Биеи во случај на ерупција на вулканот Токачидаке. Езерцето е сино поради алуминиумот хидроксид.
Доколку сте корисник на Мекинтош, можеби ви е позната позадината „Blue Pond”. Таа слика ја направив јас, на истото место како и сите овие слики.