Се проценува дека пред пристигнувањето на Европејците во Америка, на континентот живееле до 12 милиони американски домородци. Тоа население брзо било сведено на 250.000 преку болести, самоубиства, геноцид, ропство и масовни убиства. Тоа било неверојатно голема трагедија и можеби е едно од најужасните нешта кои се случиле на било која етничка група во историјата на човештвото. А сепак, на таа трагедија не ѝ се посветува речиси никакво внимание. Човек да се запраша зошто.
Во оваа трагедија не само што исчезнале човечки животи, туку речиси сите домородни американски традиции, духовноста и обичаите, сето тоа било убивано заедно со индијанскиот народ. Дали нивната култура била причината за геноцидот извршен врз нив Тие живееле во склад со Мајката Природа и често биле нарекувани „Чувари на Земјата“. Тие сакале да „чекорат лесно на Земјата и да живеат во склад и хармонија.“ Можеби ако останале повеќе Индијанци да послужат како пример на останатите народи, нашата планета немало да се соочува со такви проблеми. Секој може да извлече полза од усвојувањето и применувањето на древните духовни учења на индијанските мудреци и старешини.
1. Големиот Дух е присутен во сите нешта
Тој е во воздухот кој го дишеме. Големиот Дух е нашиот татко, а Земјата е нашата мајка. Таа не’ храни; тоа што го ставаме во земјата, таа ни го враќа нам.“ – Големиот Гром, Вабанаки Алгонквин
2. Првиот мир
Првиот мир, кој е најважниот, е тој кој доаѓа во душите на луѓето кога ќе ја разберат нивната врска, нивната целост со Вселената и со сите нејзини моќи, и кога ќе разберат дека во средиштето на вселената живее Големиот Дух, и дека тој средиште се наоѓа насекаде, и е во секој од нас“ – Црниот Елен, Оглала Су
3. Парите не се јадат
Само кога последно дрво ќе умре и кога последната река ќе биде затруена, и кога последната риба ќе биде уловена, ќе разбереме дека парите не се јадат. – традиционална поговорка на индијанскиот народ Кри.
4. Храбро чекори напред
Кога се сомневаш, смири се и почекај;
Кога сомнежот ќе го снема за тебе, тогаш храбро продолжи напред.
Се додека те обвиваат магли, биди мирен;
Биди мирен се додека сончевите зраци не ги разбијат маглите.
А тоа сигурно ќе се случи.
Потоа дејствувај со храброст во срцето.
– Белиот Орел, поглавар на племето Понка
5. Индијанска мудрост за Земјата
Однесувај се добро кон Земјата.
Неа не ти ја дале твоите родители.
Таа ти е позајмена од твоите деца.
Не ја наследуваме Земјата од нашите предци,
ја позајмуваме од нашите деца.
6. Човештвото не ја исплело мрежата на животот
Човештвото не ја исплело мрежата на животот. Ние сме само една нишка во неа. Се што и правиме на мрежата, си правиме на себеси. Сите нешта се врзани заедно. Сите нешта се поврзани.“ – поглаварот Сиетл.
7. Од поглаварот Ден Џорџ
Нека ѕвездите ја однесат твојата тага.
Нека цвеќињата го исполнат твоето срце со убавина.
Нека надежта засекогаш ги избрише твоите солзи.
И над се, тишината нека те направи силен.
8. Без затвор не може да има криминалци
„Пред да пристигнат нашите бели браќа и од нас да направат цивилизирани луѓе, ние немавме никакви затвори. Поради тоа, немавме ни криминалци. Без затвор не може да има криминалци. Ние немавме ни клучеви ни катанци и поради тоа помеѓу нас немаше крадци. Кога некој би бил премногу сиромашен за да може да си дозволи коњ, шатор или покривка, во тој случај ќе го добиеше сето тоа како подарок. Бевме премногу нецивилизирани за да ѝ придаваме толку големо значење на цивилизираната сопственост. Не знаевме за никакви пари, па следствено на тоа вредноста на едно човечко суштество не се определуваше според неговото богатство. Немавме пишани закони, ни адвокати, ни политичари, па според тоа не можевме да се лажеме и мамиме едни со други. Навистина бевме за никаде пред да пристигне белиот човек и јас не знам како да објаснам како сме можеле без овие основни нешта, како што ни велат, кои се толку неопходни за едно цивилизирано општество.“ – Џон Куциот Елен, Су Лакота
9. Чироки молитва
„О голем духу, помогни ми секогаш тивко да ја говорам вистината, да слушам со отворен ум кога другите говорат, и да го запомнам мирот што може да се открие во тишината.“
10. Мирот и среќата се достапни во секој момент
„Мирот и среќата се достапни во секој момент. Мир е секој чекор. Ќе чекориме држејќи се за раце. Не постојат политички решенија за духовните проблеми. Запомнете: ако Создателот го ставил таму, тогаш е на вистинското место. Душата би немала виножито ако очите би немале солзи. Кажете му на вашиот народ дека откако ни беше ветено дека нема да не преселуваат, пет пати не преселија.“ – индијански поглавар.