Во почетокот на 2014 година Рич Ист почнал да прави планови за големи промени во животот. Тој бил незадоволен од 10-те години поминати во корпоративниот свет и почнал да дизајнира нов живот за себе.
Тој си направил кампер кој му обезбедил скривалиште, дом и удобност за новата фаза од неговиот живот. Рич исто така ги продал своите работи, за да тргне да патува низ светот.
Иако Рич оставил сѐ зад себе, не можел да остави едно нешто: „Поминаа повеќе од 3 години откако го напуштив нашиот роден град Хобарт, Тасманија, за да патувам низ Австралија. Иако ја продадов мојата куќа и сите мои работи, имав едно нешто што едноставно не можев да го оставам зад себе. Мојата мачка Вилоу.“
Рич и Вилоу од мај 2015 година заедно поминале над 70.000 километри, посетиле шуми, плажи, пустини, па и Големиот корален гребен. Минатата година стигнале до крајот и го поминале летото во ницниот роден град. Но, овие авантуристи не планираат да застанат тука.
„Немаме намера да застанеме во скоро време. Оваа година поминавме 3 месеци минувајќи низ периферијата на Симпсон пустината пред да се вратиме назад кон прекрасното источно крајбрежје.“, вели Рич.
Иако звучи необично да се носи мачка на вакви авантури Рич вели дека Вилоу ужива во дружбата и ги остава луѓето изненадени: „Некои луѓе се изненадени кога ќе сфатат дека патувам со мојата мачка. Еднаш еден турист во кампот дури и извика: ‘Извинете, има мачка која се обидува да влезе во вашето комбе!’“
„Не ми беше лесно да ја напуштам мојата стара работа и живот, но знаев дека морам да направам некои промени за сопствената благосостојба. Тоа беше бавен процес, но сега сум посреќен. Работам малку каде што можам, ги инвестирам моите заштеди, и доволно е да нè одржи.“, вели Рич.
Рич вели дека Вилоу го научила на многу важна работа: „Не ви треба многу за да бидете среќни. Малку храна, засолниште и многу љубов. Јас имам среќа да ја видам Австралија низ очите на една мачка и тоа ќе го паметам целиот свој живот.“