Во академија за тајни агенти, за финалниот испит се квалификувале само Американец, Французин и еден типичен Балканец. Последниот испит се состоел во тоа да ја докажат својата верност кон тајните служби. Му дале прво еден пиштол на Американецот и му рекле:
– Во таа соба се наоѓа твојата жена. За да ја докажеш твојата верност и дека никогаш нема да се поколебаш во мисија, треба да ја застрелаш.
Тој влегол во собата, се задржал околу 10-15 минути, излегол многу загрижени и рекол:
– Не можам да ја убијам. Јас со таа жена живеев 20 години, не можам!
И така паднал на испитот.
Потоа го повикале Французинот и му рекле:
– Во таа соба се наоѓа твојата жена. За да ја докажеш твојата верност и дека никогаш нема да се поколебаш во мисија, треба да ја застрелаш.
Тој влегол во собата, се задржал околу 10-15 минути, излегол многу загрижени и рекол:
– Не можам да ја убијам. Јас со таа жена живеев 15 години и многу ја сакам! Не можам да ја убијам!
И така и тој паднал на испитот. Останал уште Балканецот. Го повикале и му рекле:
– Во таа соба се наоѓа твојата жена. За да ја докажеш твојата верност и дека никогаш нема да се поколебаш во мисија, треба да ја застрелаш.
Тој влегол во собата и уште ни вратата не се била затвоорила, почнале да се слушаат истрели. Бам, бам, бам, а потоа и трес, трес, бум.
Излегува Балканецот многу изнервиран и вели:
– Абе гадови! Сте ми дале пиштол со ќорци, па мораше со столот да ја тепам!