Една мечка тргнала на патување. Се качила во авионот и полетала. Но, за време на летот многу изгладнела, се стрчала во пилотската кабина и му рекла на пилотот:
– Ќе те изедам!
– Изеди ме, но потоа кој ќе го управува авионот, ќе паднете и сите ќе загинете!
– Добро! – рекла мечката.
Тогаш се свртела кон ко-пилотот:
– Ќе изедам тебе!
– Изеди ме, но ако на главниот пилот му се слоши, потоа кој ќе го управува авионот? Ќе паднете и сите ќе загинете!
– Добро, но морам некого да изедам, многу сум гладна, па договорете се меѓу себе! – рекла мечката.
Во тој момент, главниот пилот се сетил и ѝ рекол на мечката:
– Зошто не одиш да ја изедеш стјуардесата?
– Па може, зошто да не?
Отишла мечката назад да ја јаде стјуардесата. По некое време пилотот отишол до тоалетот и што да види – стјуардесата си работи, а мечката си седи мирно на едно седиште и молчи. Пилотот ја прашал мечката:
– Зошто не изеде стјуардесата?
– Ааа, потоа мене да ме е*ете а?!