Во нејзините мемоари, „Mi Vida y Mi Carcel con Pablo Escobar“ (Мојот живот и мојот затвор со Пабло Ескобар), кои ќе бидат достапни за јавноста од 15 ноември, Викторија Еугенија Хенао раскажува за тешкиот живот со најпознатиот колумбиски наркобос, Пабло Ескобар.

57-годишната Викторија открива страшна тајна во епилогот на нејзината книга со наслов „Тајната која ја криев со години“, каде што раскажува како им признала на нејзините деца Себастијан и Мануела дека нивниот татко ја силувал, кога имала само 14 години. Таа вели дека сметала дека тајната ќе ја однесе „во гроб“, затоа што ќе ја „влоши перцепцијата“ која што светот ја има врз човекот кој бил нејзин сопруг, но собрала храброст да признае.

Викторија тврди дека имала 14 години, а Ескобар, нејзиното момче во тоа време, 25 години, кога тој еден ден ја „прегрнувал” и „ја бакнувал“, оставајќи ја „парализирана“ од страв. „Не бев подготвена, не чувствував сексуална злоба, немав соодветни алатки за да разберам што значи тоа интимен и интензивен контакт.“, вели таа.

Сопругата на Ескобар вели дека три недели подоцна почнала да се чувствува „чудно“, но на толку нежна возраст, таа објаснува дека никогаш не помислила дека може да биде бремена.

Ескобар ја посетил неколку дена подоцна и кога дознал за нејзините симптоми ја замолил да го придружува во куќа на жена која се наоѓала во оддалечена и опустошена област Меделин, Колумбија.

„Речиси веднаш, една постара жена, која едвај ме поздрави, ми рече да легнам на носила и веднаш ми вметна неколку пластични цевки во мојата утроба, оние [цевки] што се користат за канализирање на вените, и само ми кажа дека ќе служат како превенција. ‘За спречување на што’, ја прашав, а таа со сигурност ми одговори ‘Во случај да си бремена’. Ми објасни да ги извадам цевките штом ќе почнам да крварам.“, пишува Викторија.

Бидејќи не заела што друго да прави таа ја послушала старицата. Но, во куќа со 8 браќа и сестри и еден тоалет, сфатила дека е тешко да се сокрие оваа тајна. Таа дури одела и на училиште додека чувствувала огромни болки, само за да не се посомнева нејзината мајка.

Со години молчела дека била сексуално активна и дека имала абортус, нешто што се сметало за „табу“ во 70-тите и „непростлив грев“ во очите на црквата. Таа вели дека неколку години подоцна, кога посетила психијатар сфатила дека всушност била силувана.

Таа објаснува дека во Колумбија, сексуалните односи може да се сметаат за сексуално злоупотребување ако постои разлика од пет години помеѓу напаѓачот и жртвата. Ескобар бил 11 години постар од Викторија.

Викторија е благодарна што ги има нејзините деца и вели дека ја сфатиле и поддржале во нејзината одлука да ја открие приказната.

Хенао открила дека за прв пат дознала за Ескобар на 12 години, кога тој имал 23 години. Тој уште тогаш изразил романтични интереси за неа, но нивната врска започнала кога таа наполнила 13 години. Тие се венчале во 1976 година, кога имала 15 години и биле заедно до неговата смрт, 17 години подоцна.

Ескобар бил убиен од Колумбиската национална полиција на 2 декември 1993 година за време на оружената престрелка во Меделин откако била откриена неговата локација.

Сподели на Facebook
пати видено