Двајца маскирани мажи влегле во продавницата на бензинска станица во Хоршам, Англија. Тие им се заканиле на двајцата вработени и присилиле еден од нив да им помогне да ги наполнат кантите со цигари и алкохол.
Додека биле на рутинска патрола две полицајки застанале пред бензинската додека се одвивал грабежот. Еден од крадците, Овен Смит, дошол до полициското возило, ја нападнал полицајката Ели Јанг и ја исфрлил од возачкото седиште.
За среќа нивните колеги биле во близина и веднаш им помогнаа на Јанг и нејзината колешка Каналес, да го спречат Овен да избега со полициското возило. Крадецот бил онеспособен со електричен пиштол и уапсен.
Овен Смит добил затворска казна од 14 години, за кражба и напад на полициски службеници.
Доколку сакате добра акција или пак забегани и жестоки случки само за најхрабрите читатели, тогаш посетете го каналот Жестоко. Предупредување: Содржините може да ве вознемират!