21-годишната Надја и 27-годишниот Дакота го маѓепсаа жирито на „Франција има талент“ и не само поради нивните танцувачки вештини, туку и поради темата на нивниот танц, „Семејното насилство“. Надја и Дакота преку танц успеаја да ја доловат физичката и психичката болка зад семејното насилство и да ги освојат членовите на жирито и публиката ширум светот.