Се разбира чизмите не се направени од вистинска човечка кожа, туку само многу личи како да се. А ако не сте знаеле, ова било висока мода.
Канадскиот моден бренд „Matieres Fecales“ ги претстави своите ексклузивни чизми, направени од материјал кој е многу сличен со обичната човечка кожа. Според дизајнерите Хана Роуз Далтон и нејзиниот партнер Стефан Раџа Бхаскаран, еден пар такви чизми ќе биде одличен додаток на современиот екстравагантен изглед.
Дизајнерите додадоа пета исто така од кожа, па дури и таканаречени „ѓаволски рогови“ на задниот дел од чизмите. Чизмите имаат и „прсти“, и поради добрата имитација на кожа, изгледаат многу страшно. За еден пар на вакви „модерни“ чизми, тие бараат речиси 6.000 фунти, или повеќе од 400.000 денари.