Смарагд вреден над 2 милиони евра е откриен во рудникот Кагем во Замбија, во сопственост на производител на скапоцени камења од Лондон. Каменот од 5.655 карати бил откриен од страна на геологот Депапија Ракшит и искусен рудар Ричард Капета. Гемфилдс го именувале смарагдот од 5,655 карати по лавот, Инкаламу, во чест на конзерваторската работа што ја извршуваат во регионот.
Каменот е опишан дека има „неверојатна бистрина и совршено избалансирана златно-зелена боја.“ Елена Басалија, варботена во Гемфилдс изјавила: „Имаме неверојатно зголемена побарувачка за висококвалитетни зимбиски смаради од големите брендови, особено во Европа, на кои сите се восхитуваат на богатата боја и уникатната транспарентност на нашите скапоцени камења – квалитети кои ги прават уникатни меѓу смарагдите.“
Тешко е да се процени колку индивидуални камења ќе бидат направени од Инкаламу, но овој скапоцен камен ќе го остави својот белег во историјата на исклучителни скапоцени камења.
Примерокот ќе биде продаден на приватна аукција во Сингапур следниот месец. Каменот ќе биде запечатен пред претставниците на замбиската влада пред да биде транспортиран на Далечниот Исток и првпат да биде прикажан пред купувачите.
Малопродажната вредност на еден карат од добар квалитетен смарагд изнесува околу 500 евра, што значи ако се сече на помали камења, каменот би можел да достигне над 2 милиони евра.