Дневниот план во скоро секоја сала за вежбање е исполнет со најразлични активности и уште поразлични луѓе. „Вежбачите“ во сите форми и големини се секогаш подготвени за акција, групните часови се секогаш бучни, а тренерите ја истражуваат територијата.
Еве какви сѐ типови на луѓе можете да сретнете во салата за вежбање.
1. Г-дин Олимпијада
Човекот кој живее во салата. Тој веќе го постигнал своето. Сега ужива во животот, често дава совети на новодојдените и секогаш е подготвен да им помогне на девојките.
2. Најиспотениот
Ова е личноста која не носи крпа, се поти и остава „локви“ на опремата.
3. Јога армија
Група на жени од кои најчесто само една знае како да ги прави работите. Сите имаат чудна облека и уште почудни фризури и не можат да останат незабележани во салата за вежбање. Не носат патики, затоа што … телото треба да дише.
4. Заборавил да ги вежба нозете
Маж кој во нозете изгледа како балерина, но не го приметува тоа и си продолжува по свое.
5. Непосветениот
Овој маж или пак жена по напорниот тренинг решаваат да си се почастат со некој голем бургер или торта, затоа што нели, по толку напор заслужуваат.
6. Збунетиот
Оваа личност најчесто не знае како се употребуваат справите, но по секое вежбање се фали дека добро поминал.
7. Манекен
Нешто слично како господинот Олимпијада, само што помалку е заинтеренсиран за девојките, а повеќе го интеренсира сопствениот израз во огледалото.
8. Манијакот
Тој не е дојден за да вежба, туку за да ги ѕирка девојките (особено оние на јога).
9. Телефонско зомби
Салата е место каде што сакате да се поврзете со пријателите и семејството.
10. Убав тренер
Почитуван, но многу атрактивен личен тренер. Тој изгледа одлично, и мислите дека неговите мускули магично ќе ви се префрлат на вас и спремни сте да платите голема сума на пари за тоа.
11. Сопственикот
Овие личности мислат дека салата за вежбање е нивната и затоа „заспиваат“ на справите, додека си листаат на Фејсбук или едноставно се релаксираат.
12. Гласен посетител
Кога оваа личност ќе почне да вежба салата за вежбање наликува на зоолошка градина. Такви животински звуци тешко се трпат и затоа ќе ве спасат само слушалки.
13. Секогаш прв
Овие личности си организираат натпревар во нивната глава и секогаш сакаат да бидат „пред“ личноста која вежба во нивната близина. Вие можеби мислите дека само си трчате, а всушност сте ја освоиле бронзата.
14. Телохранител
Тој дошол во салата за вежбање со девојката и внимателно ја следи. Забрането ѝ е да зборува со мажи, но таа го игнорира ова правило. И тој страда од љубомора.
15. Мрзата
Оваа личност доаѓа да се рекреира и мрзливо си ги врти педалите и си го пие протеинскиот шејк, кога ќе забележите ваква личност не се надевајте дека ќе дојдете на ред до справата.
16. Млади родители
Нивната истоштеност е на друго ниво и никој не се изненадува доколку престанат да вежбаат…